Бела Хадид важи за една од најубавите манекенки на денешницата, препознатлива по својот уникатен личен стил. Нејзините најнови јавни појавувања наидоа на бројни позитивни реакции од модните критичари.

Една од најубавите светски манекенки е воедно и една од најдобро облечените жени. Бела Хадид секогаш успева да привлече љубопитни погледи – особено од модните критичари кои внимателно го следат секое нејзино јавно појавување.

Овој пат, таа претстави две комбинации што совршено ги отсликуваат двете страни на нејзиниот стил: гламурозната и онаа што е лежерна, а сепак шик.

Додека престојува во Њујорк за традиционалната Недела на модата, Бела промовираше модни изданија од кои беше невозможно да се тргне погледот.

Фотографите прво ја уловија пред хотелот во долг фустан што ги спојуваше златните и сребрените нијанси. Кројот ја истакнуваше нејзината витка фигура и деколтето, а изгледот го заокружи со класични чевли на висока потпетица кои одговараа на палетата на бои на фустанот.

Втората комбинација беше нешто полежерна, но сепак стилски впечатлива. За еден настан на „Chopard“, таа носеше мини-фустан во крем боја, кој на нејзиниот изглед му даде младешка и разиграна нота.

Го искомбинира со жолто сако и фризура со крупни локни, создавајќи гламурозна и шик естетика.

Текстот (Фото/Видео) Најубавата жена на светот во две модни комбинации: поради нив таа е божица на стилот е превземен од МАКФАКС.