Ева Лонгорија ова лето не уживаше само во покажувањето на своите совршени изданија во бикини; таа знае како да изгледа и елегантно, што го покажа на неодамнешниот настан во Мадрид.

Актерката Ева Лонгорија блесна во прекрасен златен фустан на гала-вечерата на „Cash & Rocket“ оваа недела, организирана како поддршка за фондацијата „Global Gift“ во култниот „Casino de Madrid“.

Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ – која е почесен претседател и амбасадор на фондацијата „Global Gift“ – беше ко-домаќин на настанот заедно со шпанската актерка, филантроп и ко-основач на фондацијата „Global Gift“, Марија Браво; сопранистката Анџелика де ла Рива; и основачот на „Cash & Rocket“, Џули Брангструп.

Според магазинот „HELLO“, спектакуларниот фустан на Ева е креација на Мармар Халим; совршено усогласените чевли се од брендот „Alevi“; чантата од „Jimmy Choo“; а накитот беше од брендот „EFFY“.

Познатата убавица ја носеше својата долга кафеава коса пуштена, стилизирана во духот на „стариот Холивуд“. Вечерта го означи крајот на турнејата низ Шпанија на организацијата „Cash & Rocket“ за 2026 година.

Секое појавување на Ева Лонгорија на црвениот тепих веднаш станува главна тема на социјалните мрежи. Популарната „џебна Венера“ – како што многумина ја нарекуваат – уште еднаш ја покажа својата завидна фигура, иако веќе е во шестата деценија од животот.

Текстот (Фото/Видео) Најсекси „очајната домаќинка“ им кажа збогум на бикините: време е за тесни фустани е превземен од МАКФАКС.