Уживавме секоја епизода од серијата „Пријатели“, но една епизода ја зеде титулата најомразена меѓу најголемите фанови.
Според рејтингот на IMDb и коментарите на обожавателите, најомразената епизода од една од најдобрите серии од 90-тите е официјално „The One With The Invitation“. Од 236 епизоди што беа снимени, 21-та епизода од 4-тата сезона е најнеомилена.
Дали се обидувате да ја запомните оваа епизода што се емитуваше во април 1998 година? Дозволете ни да ја освежиме вашата меморија.
Епизодата раскажува дека Рејчел која ја играше Џенифер Анистон добила покана за венчавката на Рос и Емили – што ја вознемири Емили, откако Рос првично и ветил дека нема да ја покани својата поранешна девојка.
По долгото размислување, Рос, кого го игра Дејвид Шимер, одлучи дека не може да не ја покани Рејчел на свадба во Лондон. Епизодата се состои од многу спомени и ретроспективи во односот на Рос и Рејчел, па не е ни чудо што на IMDB е оценето со само 7,2, наспроти просекот од 8,5 на сите други епизоди.
Бидејќи сите навивавме за Рејчел и Рос, на многумина им беше тешко да го гледаат како Рос се жени со друга девојка.
Фановите беа пресреќни кога Рос случајно го изговори името „Рејчел“ пред олтарот. Сепак, љубовта на парот процвета дури откако Рејчел se откажа од кариерата во Париз со цел да остане со него. Останатото е историја.
И додека повторно ги гледаме сите стари епизоди и ги чекаме новите чие снимање беше запрено поради пандемијата на коронавирусот, снимањето на специјалната епизода конечно треба да се случи во март 2021 година.