Сопругата на легендарниот аргентински фудбалер Лионел Меси, Антонела Рокуцо, е една од главните теми на Светското првенство кога станува збор за популарните „вагсици“ (сопруги на фудбалери).
Таа му испрати и порака за поддршка на својот сопруг откако аргентинската репрезентација стигна до финалето на Светското првенство, но овој пат, нешто друго го одвлече вниманието од големата победа.
Антонела и Меси имаат три сина заедно, и сепак успеваат да ги држат своите животи подалеку од љубопитните очи на јавноста.
Сепак, секогаш се појавува нешто што не можат да го контролираат. Па така, еден од навивачите забележал дека убавата Антонела има своја двојничка.
Станува збор за аргентинската пејачка Јулијана Галиполити, чиј профил сега е преплавен со коментари за нејзината сличност со Антонела Рокуцо.
„Јас сум пејачка од Кориентес во Буенос Аирес. Да, личам на Антонела Рокуцо“, напиша Јулијана на својот Инстаграм профил.
Како што е наведено во нејзината биографија, покрај тоа што е талентирана за пеење, таа била и танчерка. Покрај тоа, нејзиното детство било обележано со насилство од врсници, што подоцна имало значително влијание врз нејзината самодоверба.
Текстот (Фото) Антонела Рокуцо има двојничка: Аргентинската пејачка ги уништува социјалните мрежи е превземен од МАКФАКС.
















