Тутунарите и лозарите денеска излегуваат на протест пред Владата, велат дека ќе бараат одговори за неисполнетите ветувања дека ќе се корегира годинашниот катастрофален откуп.
Тутунопроуизводителите досега не влегоа во ниту еден пакет-мерки на Владата, заради што бараат барем зголемување на субвенциите, бидејќи како што велат, откупот на тутунот и покрај досегашните преговори со сите релевантни фактори, вклучително и со премиерот, на територијата на цела Македонија и понатаму се одвива по старата шема.
Поддршка на овој протест ќе дадат и од Здружението на лозари од Тиквешијата.