Сопругата на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, вчера го прослави својот 40-ти роденден.

Ноле се потруди да ѝ приреди незаборавно изненадување, и се чини дека успеа.

Додека стоеја на плажа, прегрнати, Јелена Ѓоковиќ и Новак Ѓоковиќ погледнаа кон ноќното небо, каде што се одвиваше вистинска магија – со помош на дронови беше напишана посебна порака наменета само за неа.

„Среќен роденден. Ти благодарам што си нашиот дом“, блеснаа пораките на небото, а овој магичен момент ги трогна и воодушеви сите присутни на плажата кои го гледаа спектаклот во тој момент.

Текстот (Видео) Порака напишана на небото: Новак подготви незаборавно изненадување за Јелена за нејзиниот 40-ти роденден е превземен од МАКФАКС.