Турција издаде дозвола за итна употреба на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот, соопшти денеска турската Агенција за лекови и медицински производи.
Турскиот министер за здравство Фахретин Коча претходно оваа недела изјави дека земјата потпишала договор за набавка на 50 милиони дози од вакцината „Спутник V“.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска истакна дека Турција, во рамки на договорот со Русија, ќе добие „значајно количество“ на вакцините „Спутник V“.