Според астролозите, четири хороскопски знаци најсилно ги поврзуваат среќата, сигурноста и успехот со парите и материјалните добра.

Бик важи за најголем материјалист во Зодијакот. За него финансиската стабилност е основа за удобен живот, а ужива во квалитетна храна, убав дом и луксуз што може да го почувствува со сите сетила.

Лавот сака луксуз, но пред сè како симбол на статус и успех. Скапата облека, автомобилите и ексклузивните патувања за него се начин да остави впечаток и да добие признание од околината.

Јарецот гледа на богатството како доказ за постигнат успех. Тој е дисциплиниран и внимателен со парите, а најчесто инвестира во вредни и долгорочни работи како недвижности, уметност или скапи часовници.

Вагата, пак, е водена од љубовта кон естетиката. Таа сака да биде опкружена со убавина, хармонија и стил, па парите ги гледа како средство за создавање пријатна и префинета околина.

 

Текстот Четири хороскопски знаци важат за најголеми материјалисти е превземен од МАКФАКС.