Три лица загинаа во невреме со силен ветер кое го зафати јужниот дел на Америка, предизвикувајќи поплави, оштетувајќи домови и згради, корнејќи дрвја и оставајќи илјадници луѓе без електрична енергија.
Седумдесетгодишен старец во Алабама загина кога дрво падна врз неговиот камион, жена во Мисисипи загина во нејзиниот џип врз кој паднала гранка, а маж се удави во поплави во Арканзас. Кентаки беше зафатено со торнадо.