Тренерот Игор Јовичевиќ на Шахтјор Доњецк, најави дека фудбалерите на тимот ќе продолжат да се борат на теренот, како што тоа го прават војниците во борбените операции во земјата.
„Не можат да нè уништат. Ниту нашиот дух, ниту моралот. Можат само привремено да ни го расипат расположението, но не можат да не уништат. Ние сме обединети и силни. Блиску сме до она што се случува во нашата земја и сочувствуваме за сите луѓе во земјата“, изјави Јовичевиќ пред натпреварот против Реал Мадрид.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, атмосферата во украинскиот камп била како на погреб. Во меѓувреме, британските весници објавија дека играчите на Шахтјор одлучиле да не излегуваат на теренот, бидејќи голем дел од нивните семејства се во Киев, под бомбардирање на руската армија.