Принцезата Шарлин, сопругата на принцот Алберт од Монако реши да го промени имиџот. Поточно, својата фризура, па направи навистина смел потег кога станува збор за едно кралско семејство.
Имено, таа е забележана на еден настан каде се делеле божиќни пакетчиња, а тоа што било многу забележително е дека таа избричила еден дел од главата.
Принцезата Шарлин сега изгледа како рок ѕвезда, а својата фризура ја криела така што повремено носела шешир.
„Таа носеше беретка со чија помош ја криеше својата фризура, но кога се доближив, можев да забележам дека еден дел од нејзината глава е избричен“, изјави изворот за магазинот „People“.
Преземено од Еспресо.мк