Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, испиша историја како четврти селектор на Аргентина кој го одвел тимот до финалето на СП. Пред него тоа го направија Цезар Меноти, Карлос Биљардо и Алехандро Сабеља. Аргентинците ја победија Хрватска со 3:0, а инспиратор на победата беше Лионел Меси.

Advertisements

„Меси е најдобриот во историјата. Не се сомневам во тоа. Вистинска среќа и привилегија е да го гледам во дресот на Аргентина. Ја заслуживме победата. Го одигравме натпреварот како што треба. Одлично е што се пласиравме во финалето, но имаме уште еден натпревар. Се обидувам да останам смирен, а тоа е многу тешко”, истана селекторот на Аргентина.

Прикажи повеќе