Русија планира да вакцинира од коронавирусот околу 60 проценти од возрасната популација, изјави денеска министерот за здравство, Михаил Мурашко.
-Планираме да вакцинираме 60 проценти од возрасната популација, рече Мурашко во интервју за телевизискиот канал „Русија 1″, пренесе Тасс.
Во Русија до денеска се регистрирани 2.819.429 случаи на коронавирус, излечени се 2.254.742 лица, а умреле 50.347, се наведува во Оперативниот штаб за борба против коронавирусот.