Андреј Рубљов се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен. Во драматичен меч рускиот тенисер го победи младиот Данец Холгер Руне. Рубљов победи во супер тај-брејкот во петтиот сет, откако претходно успеа да спаси две меч топки во 12. гем. Во супер тај-брејокт. рускиот тенисер губеше со 5:0 и 7:3, на краот го доби со 11:9.
„Прв пат успеав да добијам ваков меч“, изјави Рубљов по мечот.
Рубљов го победи Руне со 6:3, 3:6, 6:3, 6:4, 11:9 за три часа и 37 минути игра. Андреј Рубљов во четвртфиналето ќе игра против Новак Ѓоковиќ или Алекс Де Минор.