Во овој момент Бразил е во потрага по нов селектор. Новинарите го запрашаа и Роналдо за името на новиот селектор. Според Роналдо и неговите информации нов селектор на Бразил ќе биде тренерот на Флуминенсе, Фернандо Диниз.
„Ако се случи тоа што се најавува сите ќе бидат изненадени. Информациите кои ги имам ми говорат дека нов селектор на Бразил е Фернандо Диниз. Во игра беа и други имиња, но не сакам сега да ги споменувам. Очекуваме официјална потврда од федерација, иако можеби е рано за такво нешто. Фернандо Диниз ќе биде голема атракција во репрезентацијата. Под негово водство тимовите играат атрактивно и приредуваат шоу,“ изјави Роналдо.