Петкратниот добитник на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, ќе присуствува на овогодинешната церемонија на доделување, тврди „Ле Паризиен“. Причината за ова е што Португалецот е сигурен дека наградата ќе ја добие неговиот пријател Карим Бензема. Според некои извори, можно е дури и Роналдо да му ја врачи „Златната топка“ на најдобриот стрелец на Реал Мадрид.
Традиционално, Роналдо ги прескокнува церемониите кога знае дека нема да победи. Така беше и минатата година, кога неговиот голем индивидуален ривал Лионел Меси ја освои седмата „Златна топка“.
Португалецот не беше на церемонијата ниту кога наградата ја освои уште еден соиграч од Реал, Лука Модриќ. Роналдо последен пат присуствуваше на гала во 2017 година, кога ја освои својата петта награда.