Шпанскиот гигант Реал Мадрид е заинтересирани за играчот на Наполи и грузиски репрезентативец Квича Кварацхелија, пренесува шпански „АС“. Грузискиот фудбалер оваа сезона блеска во дресот на Наполи кој е убедливо на првото место на табелата во Серија А.

Advertisements

Кварацхелија (22) минатата година пристигна во Наполи од Динамо Батуми за само 10 милиони евра, а оваа сезона одигра 24 натпревари за италијанскиот клуб и постигна 12 гола.

Шпанските медиуми пренесуваат дека грузискиот репрезентативец е цел на големите европски клубови, а Реал Мадрид наводно веќе испратил понуда до клубот од Неапол.

Сепак, претседателот Аурелио де Лаурентис сака експресно да ја продолжи соработката со младиот фудбалер, а во договорот ќе биде вметната и отштетна клаузула од 150 милиони евра. Тој е подготвен да го продаде најдобриот стрелец во Серија А, Виктор Осимхен, бидејќи сака да го задржи Кварацхелија. За Грузиецот се заинтересирани и ПСЖ и Њукасл./Makfax/

Прикажи повеќе