Работнички во 21. коло од Првата фудбалска лига, ќе му биде домаќин на ФК Скопје, а натпреварот ќе се одигра в сабота, со почеток во 14 часот, на Градскиот стадион во Велес.
„Оваа одлука е донесена поради зафатеност или реконструкција на стадионите, кои ни беа на располагање во Скопје“, објави ФК Работнички на официјалниот сајт.
По 20 одиграни кола, Работнички се наоѓа на осмата позиција со 21 бод, додека ФК Скопје има 13 бода на 11. место. /Макfax/