Повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи голем број сѐ уште се водат за исчезнати.

Advertisements

Според последните податоци, во Турција загинале 39.672 лица, а во соседна Сирија повеќе од 5.800, јавува Ројтерс.

Турските спасувачки тимови денеска продолжија да ги пребаруваат урнатините, иако шансите да се најдат преживеани се мали.

Експертите велат дека најголемиот број преживеани ќе бидат спасени во рок од 24 часа по земјотресот.

Во петокот, 11 дена по земјотресот, три лица беа спасени.

Во Сирија, поделена со граѓанска војна, бројот на загинати е тешко да се одреди бидејќи некои од областите погодени од земјотресот се под контрола на владата, додека други се контролирани од опозицијата.

Прикажи повеќе