Возовите утринава привремено беа запрени во поголемиот дел од северна Германија поради технички проблем во комуникацијата, соопшти националниот железнички оператор.
По повеќе од два часа од објавувањето на проблемот, железничката компанија Дојче Бан соопшти дека дефектот на дигиталниот радиосистем во возовите е решен, но дека допрва може да се очекуваат прекини.
Претходно компанијата објави дека возовите се запрени во северозападните држави Хамбург, Шлезвиг-Холштајн, Долна Санксонија и Бремен.
Тоа значеше дека привремено не сообраќаат и возовите меѓу Берлин и Келн и меѓу Берлин и Амстердам, како и возовите што тргнаа од Данска.