Меланија Трамп и Доналд Трамп носеа црно-бели комбинации на гала вечерата во Белата куќа, организирана во чест на кинескиот претседател и неговата сопруга.
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, повторно привлече големо внимание со стилот што го избра за гламурозната вечера во Белата куќа, за време на која таа и нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, ги угостија кинескиот претседател Шји Џјинпинг и неговата сопруга Пенг Лиџуан.
Овој пат, Меланија се одлучи за црно-бела елегантна комбинација која е многу импресивна на прв поглед и иако изгледа едноставно, всушност крие многу внимателно избрана комбинација со силна симболика.
Станува збор за суптилен детаљ инспириран од кинеската култура. Поточно, иако кошулата со голема машна се чини дека е ѕвездата на комбинацијата, црните панталони на Меланија го носат целиот стил.
Тие се суптилно украсени со мотив од божур, а божурот е познат во кинеската култура како „симбол на цвеќе“ и се поврзува со богатство, благородништво и просперитет, а во исто време симболизира женственост, убавина и совршенство, пишуваат медиумите.
Првата дама на САД носеше скапи парчиња со препознатлив моден потпис; кошула од Ив Сен Лоран со огромна машна околу вратот, црни панталони со свилен ремен од Долче и Габана, а чевли со вртоглава потпетица од Кристијан Лубутен.
Доналд Трамп исто така беше во елегантна црно-бела комбинација, а носеше и ремен, па затоа е јасно дека секое парче од нивниот стил беше внимателно и прецизно дизајнирано.
Текстот (Видео) Сите мислат дека кошулата е ѕвездата на стајлингот на Меланија: всушност панталоните се толку моќни на гала вечерата во Белата куќа е превземен од МАКФАКС.























