Министерот за внатрешни работи на Полска Мариуш Камински денеска изјави дека во Полска ќе се зголеми бројот на засолништа.
Камински за радио станицата РМФ изјави дека во моментов во Полска се врши попис на постоечките засолништа, по налог на Министерството за внатрешни работи.
– Станува збор за неколку десетици илјади локации со кои располагаат локалните самоуправи. Оваа листа ќе ја завршиме кон средината на декември. Мораме да го зголемиме бројот на места кои на нашите граѓани ќе им го обезбедат потребното засолниште, рече Камински.