Поранешниот градоначалник на Општина Лозово од редовите на СДСМ, Ацо Велковски, преку објава на својот Фејсбук-профил упати политичка порака во која ја критикува роденденската прослава на ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога славиш внатре меѓу истите што секогаш ти аплаудираат, тешко е да слушнеш како изгледа аплаузот однадвор“, напиша Велковски.
Во објавата тој порачува дека вистинската прослава, според него, нема да биде во сала, туку пред институциите, тогаш кога граѓаните ќе почувствуваат реални промени во секојдневниот живот.
„Останатите два милиони сонародници првиот заеднички роденден ќе го слават тогаш кога победата ќе се мери со живот без сиромаштија, а не во сала со список под притисок подредена. Првиот роденден ќе се слави, пред Влада!“, наведува Велковски во објавата.
















