Јаник Синер деновиве е главна тема во спортскиот свет – како поради здравствени проблеми, така и поради неговиот љубовен живот.

Вториот тенисер во светот, Јаник Синер, наводно треба да биде опериран на десното колено во Финска денеска – развој на настаните што би можел сериозно да го загрози неговото планирано враќање на теренот.

Chi è Alice Magelli, la 25e e modella livo ese che ha ubato il cuo e di Ja ik Si e https://t.co/xvCgRbLWGd

— Il Ti e o (@ilti e o) Novembe 22, 2026

Според некои италијански медиуми, Синер со месеци има проблеми со десното колено. Покрај гласините за операцијата, се појави и уште еден интересен детаљ поврзан со неговиот приватен живот.

Познато е дека Синер на своите профили на социјалните мрежи следи различни спортисти и јавни личности. Сепак, неодамна меѓу оние што ги следи се појави профилот на една убавица од Ливорно, придружен со значителен број „лајкови“ што тој ѝ ги упатил.

Медиумите исто така наведуваат дека Синер започнал романса со 25-годишната италијанска манекенка Аличе Маџели, само неколку дена откако веста за неговата разделба со Лаила Хасановиќ ја шокираше јавноста.

Синер сè уште нема дадено коментар за овие тврдења, па информациите остануваат само на ниво на шпекулации.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.