Доцнаа синоќа во близина на селото Стојаково, општина Богданци, полицијата го приведе 28-годошниот М.Е. од Албанија.

Во наведеното време, со возилото „хјундаи“, кое го управувал, тој не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжил со движење. Набргу го запрел возилото и почнал да бега.

При преглед во возилото и проверка на теренот тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти (по четири од Сирија, Либан и Иран), кои ги превезувал во возилото. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.