Втор кинески шпионски балон прелета над Јужна Америка, соопшти Пентагон, откако првиот таков уред вчера беше откриен на небото над САД.
-Свесни сме за извештаите за прелетување на балон над Латинска Америка. Веруваме дека ова е уште еден кинески шпионски балон, рече портпаролот на Пентагон, генерал Патрик Рајдер, без да ги прецизира точните координати на балонот./МИА/