НЕКОИ луѓе долго страдаат по раскинувањето и воопшто не можат да го скријат тоа, додека некои не дозволуваат болката да им се меша во секојдневниот живот. Таквите луѓе ги држат нозете цврсто на земја и го прифаќаат животот таков каков што е. Ова се хороскопските знаци кои не дозволуваат раскинувањето да ги скрши и никогаш не сакаат да се вратат во минатото.

Лав

Самоуверените Лавови никогаш не гледаат наназад по раскинувањето. Тие се премногу горди за да се помират со некој кој ги повредил. Лавот никогаш повеќе нема да помисли на вас откако ќе раскинете, затоа откажете се од обидите да контактирате со овој достоинствен знак.

Јарец

Јарците сериозно ги сфаќаат прекините. Тие знаат како да продолжат понатаму без да ја покажуваат својата болка пред другите. Овие луѓе никогаш не се враќаат кај бившиот бидејќи уживаат во својата независност и мразат конфликтни ситуации. Тие решаваат да го игнорираат прекинот и да продолжат понатаму како ништо да не се случило.

Стрелец

Стрелците имаат силна самодоверба и тешко се менуваат. Тие не можат да поднесат никакво чувство на омраза или огорченост, па не сакаат да се оптоваруваат со минатото. Тие постојано бараат забава, слобода и интеракција со весели луѓе. Ако веќе не сте на листата на луѓе кои им значат, време е да се помирите со тоа, бидејќи Стрелците никогаш не сакаат да се вратат на онака како што беа порано.

Бик

За Бикот, врската е синоним за сигурност, лојалност и стабилност. Никогаш не се враќаат кај поранешните партнери бидејќи премногу го ценат своето достоинство. Бидејќи првиот пат не им успеало, тие решаваат среќата да ја побараат на друго место бидејќи веруваат дека сè се случува со причина.