Американскиот хокеарски клуб Лас Вегас Голден Најтс е основан пред шест години, а сега за првпат во својата кратка историја стана шампион на НХЛ лигата.

Лас Вегас го освои познатиот “Стенли Kуп”, откако во финалната серија од плеј-офот славеше против Флорида Пантерс со 4:1 во победи.

Во решавачкиот петти натпревар, Лас Вегас победи со убедливи 9:3 пред домашните навивачи и со тоа го потврди триумфот над „пантерите“, кои можат да бидат крајно задоволни од сезоната откако стигнаа во финалето како осмопласирана екипа во Источната конференција./Makfax/

Прикажи повеќе