На прв поглед прашањата изгледаат многу лесни, но ќе видите дека не е баш така бидејќи често ни студентите од престижните колеџи не успеваат да ги одговорат точно.
Тестот на когнитивна рефлексија е познат и како најкраток и најбрз тест на интелигенција на светот, а потребни се само три прашања за да се утврди дали сте гениј.
Тестот го смислил психологот Шејн Фредерик од „Принстон“, а смислен е за да се тестира способноста за занемарување на инстинктот и за размислување порационално.
За да ја докажете својата генијалност, морате точно да одговорите на сите три прашања, но важна е и брзината. Брзите одговори се уште еден знак на повисок коефициент на интелигенција.
Ова се прашањата:
1. Топка и палка за бејзбол чинат вкупно 1,10 долари. Палката чини еден долар повеќе од топката. Колку чини топката?
2. Ако на пет машини им се потребни пет минути за да направат пет дела, колку време им е потребно на 100 машини за да направат 100 дела.
3. Во езерото има водни лилјани. Секој ден нивната ширина се дуплира. Ако за 40 дена го покриваат целото езеро, колку време им е потребно да покријат половина од езерото?
Одговори:
1. Одговорот е 5 центи. Ако одговоривте 10 центи, погрешивте. Кога 10 центи би бил точниот одговор, палката и топката би чинеле 1,20, а не 1,10. Топката има цена од 5, а палката 1,05 долар, што е за еден долар повеќе од 5 центи.
2. Ако одговоривте 100 минути, пак погрешивте. Прашањето открива дека на машината ѝ се потребни 5 минути да направи еден дел, а времето не се менува без оглед на тоа што станува збор за 100 машини.
3. Одговорот е 47 дена. Мнозинството велат дека точниот одговор е 24 дена, но не е така. Секој ден лилјаните се дуплираат, така што претходниот ден бил дупло помал. Значи, ако на лилјаните им се потребни 48 дена да го покријат езерото, тогаш на 47. ден лилјаните покриваат половина од езерото.