Тренерот на Рома, Жозе Мурињо најверојатно ќе го напушти тимот доколку клубот не се пласира во Лигата на шампионите.

Според „Газета дело спорт“, Мурињо најверојатно ќе ја напушти Рома на лето доколку тимот не заврши во топ 4 и не се натпреварува во елитната лига следната сезона. „Римската волчица“ моментално е петта на табелата во Серија А, со еден бод помалку од четвртопласираниот Лацио. Актуелниот договор на Мурињо со клубот е до летото 2024 година.

Рома на 5 март на домашен терен ќе игра со Јувентус во натпреварот од 25. коло во италијанскиот шампионат. /МИА

Прикажи повеќе