Аргентинскиот капитен и член на ПСЖ, Лионел Меси, ќе биде прогласен за најдобар фудбалер во 2022 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), објави шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.
Во конкуренција за наградата „FIFA Best“, која ќе биде врачена на свечена церемонија вечер од 21 часот во Париз, се и двајца Французи, соиграчот на Меси, Килијан Мбапе и напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема. Шпанскиот весник наведува дека ФИФА ги замолила сите кандидати да присуствуваат на церемонијата во Париз.
Наградата „FIFA Best“ за 2021 година ја освои полјакот Роберт Левандовски./МИА