Динамо од Загреб е препознатлив по одличната трансфер политика и многубројните скапи продажби на играчи. Во зимскиот преоден рок клубот ќе го напушти искусниот напаѓач, Мислав Оршиќ. Хрватските медиуми пишуваат дека, Оршиќ ќе стане нов играч на Саутемптон, а трансферот би требало да изнесува 8.500.000 евра.

Advertisements

Оршиќ, во минатото, беше на мета на Барнли и Арсенал, а сега конечно ќе игра во Премиер лигата. За Хрватска играше и на Светското првенство во Катар, каде што постигна гол против Мароко во борбата за третото место.

Тој постигна 91 гол и забележа 40 асистенции во дресот на Динамо на 214 одиграни натпревари./Makfax/

Прикажи повеќе