Ал-Наср го убеди еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, да се пресели во Саудиска Арабија и да игра во тамошното првенство за 200.000.000 евра, а истото се обиде и со Лионел Меси друг саудиски гигант, Ал-Хилал.
Клубот од Саудиска Арабија на најдобриот играч на Мундијалот во Катар му понуди астрономски 300.000.000 евра и сакаше да го направи Аргентинецот најбогат спортист во историјата, но тоа не беше доволно.
Меси кратко размислувал и се откажал од преселба во Саудиска Арабија. Фудбалерот на Пари Сен Жермен дефинитивно останува во Европа.
Најверојатно Меси ќе го продолжи договорот со Пари Сен Жермен и ќе игра во француската Лига 1 во сезоната 2023/24.