По завршувањето на самитот на Г-20,на бали, францускиот претседател Емануел Макрон планира да му се јави на рускиот претседател Владимир Путин, јавија француските меидуми, повикувајќи се на Елисејската палата.
„Макрон ќе продолжи да разговара со Путин и ќе му се јави по самитот на Г20“, јавија медиумите цитирајќи ја изјавата на претставник на администрацијата на Макрон.
Како што пренесуваат медиумите од Париз, Макрон има намера да му каже на кинескиот претседател Си Џинпинг за време на самитот на Г20 дека е во интерес на Кина да влијае врз Русија да се врати на преговорите и да го почитува меѓународното право.
Самитот на Г-20 утре и задутре ќе се одржува на Бали, а Русија на овој собир на највисоко ниво ќе ја претставува шефот на дипломатијата Сергеј Лавров.