Група доктори од целиот свет сметаат дека постојат се повеќе докази оти Ковид-19 може да предизвика целосно нов облик на дијабетес кај некои пациенти. Доктор Франческо Рубино од „Кингс колеџ“ во Лондон заедно со своите колеги забележал пораст на дијабет тип 1 и тип 2 кај лица кои се заразиле со корона вирус. Затоа и креирале регистар во кој нивните колеги ширум светот може да пријават такви случаи.
Експертите кои го анализирале регистарот во кој се наведени 3.500 извештаи за можна појава на дијабетес што е предизвикан од зараза со Ковид-19, истакнуваат дека е тешко да се негираат бројките.
Јас не се сомневам дека ковид-19 предизвикува нов тип на дијабетес. Последните месеци видовме повеќе случаи на пациенти кои или развија дијабетес додека имаа симптоми на корона вирус или кратко потоа. Сега веруваме дека постои врска и корона вирусот може да предизвика нарушувања во метаболизмот на шеќерот. Сметаме дека овие случаи треба да се истражат, бидејќи таа поврзаност би можела да претставува голем проблем, поготово со размерите на пандемијата – вели Рубино.
Паул Цимет, специјалист за дијабетес на Универзитетот во австриски Монаш, вели дека „што се однесува до него, тој не се сомнева дека Ковид-19 предизвикува нов тип на дијабетес“.
Научниците претпоставуваат дека корона вирусот може да го наруши метаболизмот на шеќерот, бидејќи влегува во интеракција со рецепторот АЦЕ-2 за да се инфилтрира во станици на низа органи, вклучувајќи го и панкреасот.
Друго можно објаснување е дека силната реакција на нашиот имунолошки состав ги оштетува органите кои се клучни за одржување на нормално ниво на глукоза, пишува „Гардијан“.
Сето ова се теории, но теории кои не се филозофски, туку се втемелени во биологија и искуство со други вируси – вели Рубино.
И други вирусни заболувања, особено ентеровирусни инфекции, поврзани со развој на дијабет тип 1, каде организмот сам ги напаѓа станиците на панкреасот со што спречува производство на инсулин.
Студија: 14,4 отсто пациенти добиле дијабетес
Доктор Сатиш Тирунавукараси од канадскиот универзитет Мекмастер прегледал осум студии од различни земји што биле спроведени во првите пет месеци од пандемијата. Притоа пронашол 492 случаја на новодијагностицираниот дијабетес меѓу 3.711 хоспитализирани пациенти со Ковид-19.
Во тие бројки спаѓаат и оние пациенти кај кои за првпат во животот е дијагностициран дијабетес, како и оние кои веќе ја имале болеста, но не биле свесни за тоа. Кај дијабетес тип 2, симптомите се јавуваат постепено и можно е да се забележат во раните фази на болеста.
Резултати од други истражувања
Ова не е единствена студија што го поврзува Ковид-19 со дијабетесот. Кинески научници кои ја следеле состојбата на 2.469 пациенти со корона вирус шест месеци по нивното излегување од болница, забележале 58 случаи на новонастанатиот дијабетес.
Едно друго истражување, кое сè уште не минало независна рецензија на стручњаци, следело 47.780 пациенти со Ковид-19 пет месеци од нивно испишување од болница во Англија и открило дека кај 4,9 отсто од нив е дијагностициран дијабетес.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.