Мандатарот за составување на новата македонска Влада Димитар Ковачевски, преку објава на социјалната мрежа Facebook се обрати кон граѓаните на Скопје смирувајќи дека ќе има парно во текот на целата грејна сезона.
„Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура. Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно“, напиша Ковачевски на социјалната мрежа Facebook.