Во Косово денеска ќе се одбележи 15-годишнината од прогласувањето на независноста. Ќе се одржат свечени седници на Парламентот и Владата, дефиле на припадниците на Косовските безбедносни сили и на Косовската полиција и други културно-уметнички активности.

Advertisements

Свечената седница на Владата ќе се одржи изутринава во Приштина, по што ќе следи подигање на знамето на јарболот. Свечената седница на косовскиот Парламент ќе се одржи по свечениот концерт на Косовската филхармонија во Собранието.

Парадата на припадниците на косовските безбедносни сили и на косовската полиција ќе се одржи во центарот на Приштина, а ќе ја следат највисоките претставници на Косово, претставници на дипломатскиот кор и граѓани.

Прикажи повеќе