Сè поголем е бројот на 20-годишни луѓе кои прележале ковид-19 и бараат помош од кардиолог поради зголемен притисок. Испитувањата покажуваат дека додека биле заразени, имале воспаление на срцевиот мускул или на марамицата. Од „новите“ кадриолошки пациенти кои доживуваат инфаркт на миокардот, 60 отсто од нив претходно биле инфицирани со коронавирусот.
Д-р Душан Ружиќиќ, специјалист по интерна медицина во болницата во Ваљево, Србија ги пренесува искуствата од пациентите кои бараат помош, посебно од девојки и момчиња на 20-годишна возраст кои немаат класични фактори на ризик, но прележале ковид-19.
Кај овие пациенти често се јавуваат постковид хипертензии, односно зголемен крвен притисок од втор и трет степен кој најчесто веднаш бара медикаментен третман. Кај некои пациенти кои прележале ковид-19, се забележува дека додека биле болни имале воспаление на срцевата марамица или срцевиот мускул, имаат проблем со замор, малаксаност, гушење и слично, објаснува д-р Ружиќиќ.
Има се повеќе пациенти со болести на периферните крвни садови кај кои има тромбоза на вените на нозете, а таквите случаи бараат преглед на васкуларен хирург и доплер, за да се превенираат компликации.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.