Џорџ Клуни наведе дека разбира зошто Том Круз ѝ викал на филмската екипа од „Невозможна мисија 7“. Да се потсетиме, Круз излезе од контрола и буквално збесна зошто не се почитуваат мерките за коронавирусот, па на филмската екипа ѝ се закани дури и со откази.
Во интервјуто кое го даде за водителот Хавард Стерн, Клуни смета дека Том не реагирал несоодвтно и дека неговата реакција била толку бурна бидејќи всушност се работи за здравјето.
„Тој не претера… Разбирам зошто така реагираше“, го одбрани Клуни колегата Круз, бидејќи дошло до пропусти и Том со право имал така бурна реакција.
Џорџ Клуни објасни дека сепак тој малку поинаку, помирољубиво би се обидел да го реши таквиот проблем.
„Луѓето конечно мора да сфатат дека е потребно да бидат одговорни“, додаде Клуни.