Капитенот на Реал Мадрид, Карим Бензема, го престигна Раул Гонзалес во рангирањето за најмногу постигнати голови во дресот на „кралевите“.
Французинот постигна гол во победата од 0-2 против Атлетик Билбао и го дели второто место на рангирањето со 228 гола.
Бензема престигна уште една легенда на мадридскиот клуб, Алфредо ди Стефано, кој има 227 гола. Сепак, 35-годишниот напаѓач сѐ уште е релативно далеку од лидерот на оваа ранг-листа, Кристијано Роналдо, кој има 311 голови.