Дебаклот на Ливерпул против Реал (2:50, во првиот осминафинален натревар во Лигата на шампиони е тема која во наредните денови ќе се коментира во Англија.
Ливерпул имаше предност од 2:0 по 15 минути игра, до крајот на мечот Реал постигна пет и на „црвените“ им го нанесе најтешкиот пораз во европските купови на „Енфилд“. Вирџил ван Дајк е еден од играчите кои трпат критики за синоќеѓниот пораз.
„Пред четири месеци Ван Дајк велеше дека сè уште не може да се врати во форма и дека му треба време. Тоа беше, повторувам, пред четири месеци. Тој повторно играше и играше како што играше. Мислам дека во овој момент јас би можел да играм на неговото место“, цинично прокоментира легендарниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер.
Ван Дајк е во Ливерпул од јануари 2018 година, за неговиот трансфер „црвените“ на Саутемптон му платија 84,65 милиони евра.