Лионел Меси потврди дека го игра последниот натпревар в недела, кога со Аргентина ќе се сретне со Франција, во големото финале на Светското првенство 2022.

Advertisements

Ветеранот во аргентинскиот тим испиша историја во досегашните настапи во Катар. Со единаесет гола и девет асистенции тој стана единствен фудбалер кој учествувал директно во дваесет погодоци на светските собири.

Аргентинците ќе играат за третата светска титула во својата историја. Во последното финале пред осум години загубија по продолженија од Германија. /Gol.mk/

Прикажи повеќе