Хари Мегваер го загуби местото во првиот состав на Манчестер Јунајтед, но е капитен на тимот, и Бруно Фернандеш го покани заедно да го подигнат победничкиот пехар во Лига купот, по триумфот над Њукасл. Сепак, сите зборуваат за тоа како англискиот дефанзивец го игнорираше сопственикот на клубпот, Аврам Глејзер.

Мегваер по добивањето на медалот целосно го изигнорира Глејзер и не му подаде рака, а многумина веруваат дека со овој потег тој дефинитивно стави точка на кариерата во Манчестер Јунајтед. Мегваер и онака го загуби местото во првиот тим, а веќе подолго време се шпекулира дека дефинитивно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

29-годишниот фудбалер дојде на „Олд Трафорд“ како еден од најскапите дефанзивци во историјата на англискиот фудбал, откако Јунајтед го доведе од Лестер во летото 2019 година за речиси 90 милиони евра. Сепак, тој не ги оправда очекувањата и како што стојат работите, сигурно ќе го напушти клубот на лето./Makfax

Прикажи повеќе