Во земјотресот што во понеделникот наутро го погоди западниот дел на островот Јава во Индонезија, загинаа 252 лица, меѓу кои и голем број деца кои во тој момент биле на часови.
Официјалните лица денеска изјавија дека спасувачите брзаат да ги спасат луѓето од под урнатините на поранешните училници.
Сè уште не е објавен точниот број на загинати деца, бидејќи сè уште трае потрагата по преживеани.
Стотици луѓе се повредени, а властите предупредија дека бројот ќе се зголеми.