Хрватската водителка Николина Пишек-Ристовиќ пред еден месец сподели дека со петгодишната ќерка Уна Софија преживеале страшно искуство со труење со јаглерод моноксид. Сега таа на својот инстаграм-профил сподели објава дека пак завршила во Итна помош.
„Пак јас. Ако не сте знаеле, 90 дена по труењето со јаглерод моноксид, изложени сте на зголемен е ризик од белодробна емболија. Денес, за среќа, не е тој ден“, напиша таа под објава, но не откри никакви детали зошто побарала лекарска помош.
Благодарение на брзата реакција од нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ, Николина и ќеркичката беа спасени. Откако сопругата му јавила дека со ќеркичката не се чувствуваат добро, тој инсистирал да одат на лекар, а кога потоа повеќе не му одговарала на телефонските повици, тој почнал да им се јавува на нивните пријатели. Кога го добил еден од нив, му рекол да повика Брза помош и да замине кај нив дома. Таму ги нашле двете онесвестени и успеале да ги спасат.
Подоцна загрепските пожарникари во нивниот дом измериле седумпати повисоко ниво на јаглерод моноксид од дозволеното. Потоа таа јавно повикуваше да се преземат построги мерки и да се постават во зградите детектори за мерење на нивото на опасниот гас.