Пејачката Кајли Миног (52) често споделува информации од секојдневниот живот со оние што ја следат, а ги има повеќе од два милиони. Па така и овие денови таа се пофали дека повторно снимала.

Миног објави фотографија на која седи во кратка зелена кадифена наметка.

Instagram

Во секој случај, таа фасцинираше многумина со својот фантастичен изглед и тело, иако е во шестата деценија.

„Изгледа старееш наназад“, беше еден од коментарите на многуте обожаватели.

Кајли го објави новио албум „Диско“ на почетокот на ноември, кој се најде на првото место на топ листите. Пејачката има причина за славење затоа што нејзините албуми беа на врвот на музичките листи во Велика Британија во текот на пет различни децении, па затоа и влезе во историјата.