Двајца од најголемите и највлијателни артисти во историјата на електронската музика, Пол Ван Дајк и Пол Окенфолд, ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на 2 август – Илинден во Битола, а завршува на 8 септември во Скопје.

Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, овозможувајќи им на посетителите од цела Македонија да бидат дел од една незаборавна вечер со двајца вистински великани на светската електронска музичка сцена.

Пол Ван Дајк е еден од најуспешните и најпочитувани диџеи и продуценти на сите времиња, пионер на транс жанрот, добитник на бројни меѓународни признанија и артист кој повеќе од три децении е меѓу најзначајните имиња што ја обликуваа и сеʼ уште ја обликуваат светската електронска музичка сцена.

Пол Окенфолд е еден од пионерите на транс музиката заслужен за нејзината глобална популаризација, благодарение на неговите соработки со имиња како Madonna, U2, The Rolling Stones, Michael Jackson, The Cure и многу други.

На 2 август, пак, во Битола ќе настапи Стив Аоки. Настанот ќе се одржи на стадионот „Петар Милошевски“, а влезот ќе биде бесплатен.

Текстот Пол Ван Дајк и Пол Окенфолд за 35 години независност во Струмица е превземен од МАКФАКС.