Сигурно имате некој пар чизми кои повеќе не се за носење, но ви е тешко да ги фрлите? Доколку се наоѓате во ваков случај, ова мора да го погледнете!
Фиби Лавериџ од англискиот град Плимут покажа на Фејсбук како ги трансформирала своите стари чизми во пар обувки кои изгледаат како штотуку да се купени, а многу брзо нејзиниот трик го пробале многу кориснични на оваа мрежа.
Таа објави фотографии од своите светло-кафни чизми кои се доста популарни и кај нас и ја покажа разликата пред и потоа, а резултатот е неверојатен.
Таа во групата „Hinch Army Cleaning Tips“ објасни дека нејзините чизми се меки се уште, но дека го вратиле стариот облик, а еве како!
Фиби најпрвин ги наполнила чизмите со хартија со цел тие да дојдат до правилниот облик, а потоа ги попрскала со бел оцет. Потоа со четкичка ја триела површината од обувките со нежни и кружни движења, па со влажна крпа го чистела антилопот за да ги исчисти во целост.
Чизмите ги сушела покрај парно, а потоа уште еднаш ги истрила со четкичката.
Како што објасни, не треба да се грижите дека чизмите ќе ви мирисаат на оцет, бидејќи по сушењето тој мирис испарил, можеби не во целост, но сигурно не се чувствувал толку интензивно, а и со тек на време целосно ќе испари.