Никол Кидман откри дека денес „ја прифаќа љубовта“, среде шпекулациите дека продолжила понатаму по разводот од поранешниот сопруг Кит Урбан.
Актерката Никол Кидман, во големо интервју за „Вог“, зборуваше за периодот по разводот од Кит Урбан, а многумина сè уште се прашуваат дали Никол продолжила понатаму, со оглед на тоа што веќе неколку пати била фатена со друг маж.
„Отсекогаш сум сакала да живеам живот кој го преиспитувам. А што значи тоа? Да пробам нови работи, да правам грешки, да не успеам, повторно да станам, да продолжам понатаму, да ја прифаќам љубовта, да бидам отворена, да имам отворено срце и да бидам отворена за можности“, рече Никол.
Ѕвездата од „Practical Magic 2“, која има 59 години, призна дека не очекувала нејзиниот живот да тргне по овој пат.
„Правиш планови и имаш идеја како ќе биде сè, а потоа се покажува дека не е така. Мора да се прилагодиш. Се прилагодуваш.“
Добитничката на Оскар додаде дека иднината во моментов ѝ е сосема непозната, нарекувајќи го тоа „чудно“ чувство.
„Имаше време кога бев многу исплашена и длабоко ранлива, што целосно ве лишува од вашите сетила. Но, во исто време, си помислив: Можам или целосно да се повлечам и да се откажам, или можам да продолжам со огромна доза на надеж“.
Кидман се разведе од 58-годишниот Урбан минатата година по речиси две децении брак, во кој добија две ќерки, Сандеј Роуз (18) и Фејт Маргарет (15).
Нивниот развод официјално беше финализиран во јануари.
Во интервју за „Вог“, актерката истакна дека времето и „неверојатните ментори“ ѝ помогнале полесно да го помине тој период. Актерката, исто така, објасни дека во животот е водена од своите емоции и не размислува премногу однапред.
„Се водам со моето срце. Се прашувам себеси: Како се чувствувам во врска со ова? и само се обидувам. Тоа често ги изненадува луѓето, бидејќи мислат дека сум многу повнимателна отколку што всушност сум.“
Текстот Додека сите зборуваат за нејзиното ново момче, таа вели: „Ја прифаќам љубовта“ е превземен од МАКФАКС.














