Шпанскиот арбитар Антонио Матеу Лахоз е испратен дома и нема повеќе да суди на Светското првенство, одлучи ФИФА. Лахоз го судеше четвртфиналниот натпревар помеѓу Холандија и Аргентина.
Да потсетиме, натпреварот со многу тензии заврши 2:2, по изведувањето на пенали Аргентина избори место во полуфиналето.
Аргентинците беа подобри во играта, но натпреварот мина со многу тензии на теренот и надвор од него. Се чини дека за тоа ФИФА го обвинува Лахоз, кој подели дури 15 жолти картони и според многумина многу лошо ја контролираше играта и несоодветно ги дисциплинираше играчите./Makfax/